Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Брилијантниот Митревски е автор на една од најбравурозните одбрани на сезоната во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец и воедно член на Порто, Никола Митревски е автор на една од најатрактивните одбрани на сезоната во Лигата на шампионите.

Митревски бранеше извонредно за португалскиот гигант, имаше многу одлични интервенции, но онаа против Пик Сегед се најде на завршната Топ листа. Македонскиот голман тогаш направи парада за да го спречи Каналјас да ја затресе неговата мрежа, цел во која успеа со помош на неговата глава.

Поранешниот бек на Вардар веднаш му честиташе, додека тренерот Пик Сегед Хуан Карлос Пастор се фаќаше за глава.

Оваа мајсторија на Никола се најде на шестото место, првата позиција е резервирана за Симон Гејд од Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни