Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер и Ричардс се обидоа да ја ископираат прославата на Нкунку (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку имаше специфична, интересна прослава на својот гол на вчерашниот меч против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, меч кој бундеслигашот убедливо го реши и обезбеди пласман меѓу 16 најдобро во најквалитетното натпреварување на стариот континет.

Французинот извади балон од чорапите и истиот го надува, па позираше. По средбата тој обелодени што се криеше зад тоа негово славје:

-Балонот беше за мојот син. Тој сака балони, -рече Кристофер кој доби поддршка од менаџерот Марко Розе.

-Мислам дека е многу убаво кога татко мисли за своето семејство-

Некогашниот англиски репрезентативци, Мика Ричардс и Џејми Карагер беа инспирирани од овој потег на играчот на Лајпциг, па во студиото на „CBS Sports“ имаа слична прослава или поточно добро се забавуваа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни