Поврзете се со нас

Македонија

Василевски останува во Бутел

Објавено

на

foto: RK Butel Skopje

Екипата на РК Бутел Скопје и во наредната сезона ќе може да смета на услугите на Кристијан Василевски.

Василевски се реши да ја прифати понудата на прволигашот и со тоа да го продолжи престојот во овој тим кој претходно ги задржа и неговите колеги од пивотменската позиција, Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.

Претходно потписи на нови договори ставија уште неколку играчи, а доведени беа тренерот Горан Кузманоски, бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни