Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола добива значајно засилување за пресметката со Реал

Објавено

на

Наредниот месец продолжува возбудувањата во Лигата на шампионите, а како што сега стојат работите тимот на Манчестер Сити ќе добие едно големо засилување.

Имено тренерот на „граѓаните“ истакна дека очекува Серхио Кун Агуеро да биде подготвен за пресметката со Реал Мадрид што значи дека напаѓачот ќе ги надмине сите проблеми и навреме ќе закрепне по операцијата на коленото.

-Мислам дека против Реал сите ќе бидат подготвени. Менди е суспендиран, но другите ќе бидат способни и мислам дека за две недели ако не се случи некоја катастрофа на тренинг сите ќе бидат способни и ќе сметаме на постарите момци за овој натпревар, -истакна Пеп во пресрет на дуелот со Норич од последната рунда од Премиер лигата.

-Ние сакаме да се подготвиме на вистинскиот начин за Реал Мадрид. Мечот против Норич и тоа како ќе се тренира оваа недела ќе биде она на што го базирам Мадрид. Секој натпревар ќе биде испит за мене за да видам кој е подготвен да го игра натпреварот, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни