Поврзете се со нас

Франција

Галтие за скандалот кој го предизвика Мбапе: Ал Келаифи разговараше со Килијан

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе предизвика скандал со својата објава која ја имаше на социјалните мрежи, а со која директно го нападна дејствувањето на клубот во текот на вчерашниот ден.

ПСЖ го искористи неговиот лик за да објави промотивно видео за сезонските билети за наредната година, но поради тоа што Килијан не бил известен за овој потег, реши да направи голема работа од сето ова.

Оваа реакција на Мбапе повторно ги разбуди неговите критичари кои одново потенцираат дека неговото его е преголемо и мора да се прибере во тој поглед, бидејќи претходно Килијан влезе и во „војна“ со првите луѓе на Француската Федерација со непојавување на договорени настани.

Мбапе остро ја нападна последната кампања на ПСЖ: Ова не е Килијан Сен Жермен! (Видео)

Темата која се актуелизираше вчера, беше пренесена и на денешниот прес кој го одработи Кристоф Галтие, кој откри дека претседателот Насер Ал Келаифи пристигнал во тренинг центарот и разговарал со незадоволниот фудбалер.

– Очигледно дека таа тема е нешто што ги загрижува двете страни, луѓето од клубот и Килијан. Денеска Мбапе го прекина тренингот поради болки во колкот, но тоа нема да го спречи да настапи против Ница. Од тоа што го видов, знам дека имаше доста разговори меѓу директивата и Килијан во текот на денешниот ден, инцидентот кој го имаше е разјаснет.

– Претседателот Ал Келаифи пристигна тука и поради други причини, имаше говор пред сите во соблекувалната. Сепак, се што се кажува во соблекувалната, останува во соблекувалната, за нас е навистина важно што тој се интересира за случувањата во тимот, – изјави Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни