Поврзете се со нас

Франција

Мбапе остро ја нападна последната кампања на ПСЖ: Ова не е Килијан Сен Жермен! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе веќе неколку години се обидува да ги заштити своите имиџ права и поради тоа влезе во војна со француската фудаблска Федерација, но очигледно подготвен е да влезе во конфликт и со својот клуб кога се прават кампањи за кои не е известен, а се користи неговото лице.

ПСЖ како клуб денеска излезе со кампања за обнова на сезонските билети за наредната сезона и ги повика верните навивачи да продолжат да бидат дел од семејството, со тоа што главен лик во промотивниот материјал беше Мбапе.

Килијан по се изгледа не бил запознат со ова и не бил известен дека ќе излезе вакво видео во јавноста, а доказ за тоа е острото соопштение кое го испрати преку социјалните мрежи.

– Само што учествував во гледањето на кампањата за обновување на билети за сезоната 2023-2024. Во ниту еден момент не бев информиран за содржината на интервјуто со мојот соговорник.

– Изгледаше како основно, секојдневно интервју за „маркетинг“ тема. Не се согласувам со видеото што е објавено. Затоа се борам за индивидуалните имиџ права. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но тоа не е Килијан Сен Жермен. Со почит, Килијан Мбапе, – порачува Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни