Шах
Емил Ристески освои втора норма за Интернационален мајстор

Младиот македонски шахист Емил Ристески го заврши настапот на поединечното европско првенство во шах што се играше во Словенија, освојувајќи 5,5 поени од 11 партии, што беше доволно за да стигне до втората норма за титулата Интернационален мајстор. Првата норма Ристески ја освои пред само неколку месеци на меѓународниот турнир во Аранѓеловац, Србија.
Имајќи предвид дека велемајсторот Кирил Георгиев се откажа од учеството во текот на турнирот, Ристески е најдобро пласираниот македонски шахист на ова ЕП, на кое настапија шестмина наши претставници.
– Имав намера да играм за норма, но не си го поставив тоа како нужна цел, не сакав да играм под притисок. Ова беше наастап на Европско првенство, силен турнир со силни играчи, едноставно сакав да видам до каде сум. Резултатот е реален, на два пати можев да добијам партија, но само ремизирав, а исто така и два пати можев да загубам, но „се спасував“ со реми. Ова покажува дека се уште ја немам силата за велемајстор и дека е потребно уште работа,- изјави Ристески за „Дерби“, кој до овие успеси во кариерата стигна откако го ангажираше велемајсторот Трајко Недев за свој тренер.
На ова првенство триумфираа Матијас Блубаум од Германија и Габриел Саркисјан од Ерменија, освојувајќи по 8,5 поени, но според „тај-брејк“ критериумот златото му припадна на германскиот шахист кој имал противници со повисок просечен рејтинг. Третопласиран е Хрватот Иван Шариќ, кој е предводник на поголема група шахисти со по 8 бода.
Емил Ристески имаше стартен ранг како 177 играч според актуелниот рејтинг, а заврши на 153 место, а групата шахисти со 5,5 бода е протегната од 142 до 177 место. Покрај него, на турнирот настапија уште ВМ Кирил Георгиев, Филип Михов, ФМ Роберт Велески, Антон Златков и Мифтар Хедони.
-
Балканпред 22 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 18 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…