Италија
Дел Пјеро: Не очекував таква реакција од Јувентус, Пирло одигра паметно со Роналдо
Легендата на италијанскиот фудбал и Јувентус, Алесандро Дел Пјеро даде свој коментар за дерби победата на неговата поранешна екипа против Лацио.
„Старата дама“ губеше со 1-0, но и покрај тоа што беше без доста важни играчи се избори за голем пресврт и многу важно три бода во Серија А.
-Не очекував таква реакција од Јувентус затоа што физички се мачеа во последниве недели, -рече Дел Пјеро кој даде коментар и за потегот на Андреа Пирло да тргне без Кристијано Роналдо во саботната пресметка.
-Тоа беше паметен потег од Пирло и од него. Јувентус победи без шест стартери. Тие се одморија, па затоа сега се подготвени да играат. Лацио имаше одличен почеток, но Јувентус возврати. Тие беа конзистентни и тоа е одлична вест со оглед на тоа што нивниот следен натпревар е против Порто.
-На Јувентус му е потребен совршен меч. Голот на Киеза ги сврте работите за Јувентус, но ако Порто го задржи истиот интензитет од првиот натпревар, ќе биде тешко за „бјанконерите“. Ќе биде предизвик, ама тие се во добар момент. Јувентус малку падна, но се чини дека сега се опоравија, -заврши некогашниот италијански репрезентативец.
-
Шпанијапред 23 часа
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Шпанијапред 20 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Балканпред 23 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
АТПпред 10 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Светпред 21 час
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
Светпред 21 час
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Германијапред 14 часа
Зидан се огласи и ги разреши сите дилеми околу тренерската позиција во Баерн
-
Англијапред 23 часа
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)