Поврзете се со нас

Македонија

Целје пресилен за Бутел на турнирот во Струга

Објавено

на

Ракометарите на Целје остварија убедлив триумф над Бутел од 31:20 во последниот натпревар од денешната програма на на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир.

Гостите од Словенија го потврдија квалитетот, фаворитската улога на теренот и издвојуваа сигурна победа и тоа откако пред се го надиграа нашиот претставик во првото полувреме кое го реализираа со 18:8.

Вториот дел беше чиста рутина која избраниите на Алем Тоскиќ ја одработија за прво славје во групата во која се уште Вардар и Алкалоид.

Само за потсетување денеска Вардар и Еурофарм Пелистер остварија тешки триумфи над Алкалоид, односно домаќинот Струга.

Вардар и Пелистер остварија тешки победи на турнирот во Струга

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни