Поврзете се со нас

АТП

Зверев се погрижи за слатка одмазда во финалето и го освои завршниот Мастерс во Торино

Објавено

на

Александер Зверев не можеше да има полош и понезгоден противник во големото финале на завршниот турнир, но денеска стави крај на лошата серија резултати против Данил Медведев и се погрижи за слатка одмазда на најважниот меч.

Понесен од големата победа остварена против Новак Ѓоковиќ, германскиот тенисер мина фуриозно низ денешното големо финале во Торино, славејеќи со идентични 6:4 и 6:4 во двата сета против традиционално незгодниот противник.

Зверев влезе во денешното финале со пет порази во низа од Русинот, вклучувајќи го и оној во групната фаза во мечот кој се одигра пред само неколку дена.

Тогаш Медведев беше поуспешен и славеше во три сета, но денеска далеку порасположен за игра беше Зверев, кој благодарение на извонредниот процент на освоени поени на прв сервис на крајот оствари сигурна победа.

За Зверев, ова е втора победа на завршните Мастерс турнири на кои играат најдобрите осум тенисери по освоената титула во 2018-та година, додека Медведев останува на онаа од минатата година. На овој начин, Германецот кој е актуелен олимписки шампион става крај на исклучително успешната 2021-ва година за него, во која освои вкупно шест трофеи со биланс од 6:0 во големите финалиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни