Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Ми остана само уште една цел

Објавено

на

Германскиот тениски ас, Александер Зверев успеа да слави на завршниот АТП турнир и тоа откако во финалето му одржа лекција на Данил Медведев.

Зверев славеше со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-4 со што стана четврти играч кој успеал да слави на оваа сцена откако во полуфиналето и финалето ги добил првиот и вториот тенисер на АТП листата.

-Моите чувства не може да бидат подобри. Среќен сум, знаев дека морам да го играм најдобриот тенис за да победам. Успеав. Мислам дека имав одличен натпревар. Задоволен сум од мојот настап. Ако го пуштиш Данило да влезе на терен, да има подолги размени, ќе имаш тешка задача. Тој е еден од најдобрите играчи во светот од основната линија. Кога играш против него, треба да ја преземеш контролата над поените. Се одлично функционираше, -рече Зверев кој веќе има поставено јасна цел за 2022 година-тоа е да освои грен слем пехар.

-Ми остана само еден. Се надевам дека ќе успеам следната година, заклучи олимпискиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни