Поврзете се со нас

Свет

„Златната канта“ на Интер доби двегодишна суспензија поради мамење на допинг тест

Објавено

на

Foto:twitter.com/Flamengo_en

Габриел Барбоса важеше за еден од најголемите фудбалски таленти пред четири или пет сезони, но откако не успеа да се снајде во европскиот фудбал, популарниот Габигол се врати во својата родна земја.

Кам-бекот во Бразил му дојде навистина добро и беше клучен за освојување на две титули во Копа Либертадорес за својот Фламенго, но овој клуб сега нема да може да смета на напаѓачот во наредните 12 месеци.

Антидопинг агенција предложи двегодишна забрана за играње фудбал поради недолично и манипулантно однесување во период кога треба да даде допинг-примерок, па иако тоа се случило пред една година, казната се изрекува сега.

За разлика од сите неговите соиграчи од Фламенго кои во април минатата година дале допинг тест според процедурите, Габигол си поигрувал со вработените и прекршил неколку правила со кои ја попречил нивната работа.

Барбоса доцнел за време на тестирањето, потоа заминал на ручек наместо да соработува со анти-допинг претставниците, а на крај оставил и отворен примерок со урина за кој се отворени и големи сомнежи.

Иако не било пронајдено ништо недозволено во неговите примероци земени на 3-ти април, Бразилецот е казнет поради мамење за време на тестот, а казната почнува да важи од денот кога е земен примерокот. Тоа значи дека поранешната „Златна канта“ од Серија А нема да може да игра фудбал до април 2015-та година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни