Поврзете се со нас

Франција

Зидан затвори една, но отвори друга врата: Ги наполнив батериите

Објавено

на

Зинедин Зидан долго се поврзуваше со клупата на француската фудбалска репрезентација и беше посочуван како идеален кандидат за селекторската позиција, но по крајот на Светското првенство во Катар, стана јасно дека Зизу нема да го наследи Дидие Дешамп.

Актуелниот селектор доби нов договор и ќе остане најмалку до следното Светско првенство кое се игра во 2026-та година, а тоа направи Зизу да се соочи со реалноста и да чека други примамливи понуди.

После две години пауза, легендарниот Французин сега вели дека е подготвен за враќање и добивање на нов тренерски ангажман, без оглед на тоа што сигурно нема да станува збор за националниот тим на Франција.

– Кога еднаш сте играле за француската репрезентација и потоа сте станале тренер, логично е да размислувате да го водите националниот тим еден ден. Но, ова не е моментот за такво нешто и нема да се случи брзо.

– Тренерската работа е многу напорна, понапорна од професионалната кариера. После одредено време, потребно е да направите пауза, јас веќе направив два пати. Секој тренер е одговорен за 23-ца играчи во тимот и никогаш не се одмора. Сега уживам во животот и понекогаш мора да се вратите чекор назад. Но, сега ги наполни батериите и се чувствувам обновено. Подготвен сум за нешто ново, – вели Зизу во интервјуто за „Џи-Кју“ магазинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни