Европски првенства
Ждрепка за ЕП: Македонија ќе го пречека актуелниот вицешампион во Скопје

Македонија ќе биде коорганизатор на престојното ракометно Европско првенство во женска конкуренција, а нашата репрезентација денеска ги доби и противниците во група, на турнирот кој ќе се одржува меѓу 4 и 20 ноември годинава.
Однапред беше познато дека Македонија ќе биде домаќин на групата Ц во Скопје, а денешната ждрепка во Љубљана, одлучи противници да ни бидат актуелниот европски вицешампион Франција, односно Холандија и Романија.
Во втората рунда на турнирот ќе продолжат екипите од првото до третото место, а потоа ќе следи разигрувањето и најважните натпревари.
Скопје ќе биде домаќин на групата Ц и дуелите во втората фаза на турнирот, додека завршните натпревари ќе се играат во словенечката престолнина Љубљана. Покрај Скопје и Љубљана, домаќини на натпревари ќе бидат и Целје и Подгорица.
Група А: Норвешка, Унгарија, Хрватска, Швајцарија
Група Б: Данска, Шведска, Словенија, Србија
Група Ц: Франција, Холандија, Македонија, Романија
Група Д: Полска, Црна Гора, Германија, Шпанија
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!