Поврзете се со нас

Европски првенства

Вујовиќ во свој стил: Не е доволно да се удираш во гради…

Објавено

на

Селекцијата на Србија загуби од Унгарија со 28:27 и сега ништо не е во нивни раце кога е во прашање пласманот во втората фаза на Европското првенство.

Нашите северни соседи сега зависат од Унгарците и Исланѓаните, поточно ако тие одиграа без победник или вторите победат тогаш на Србија нема да и биде доволен ниту триумф над Црна Гора.

Утре ќе го дознаеме расплетот во оваа Ц група, а во меѓувреме легендарниот Веселин Вујовиќ во свој стил испрати критика до српските ракометари.

-Многу и дозволија на Унгарија, каде што одбраната требаше да биде најсилна, ние бевме најслаби. Банхиди даде 10 гола, во мое време немаше да го заврши натпреварот. Тогаш играчите со нож во забите одеа на мечот. Тоа беше борба, војна, битка.

-Овие играчи денес се навистина добри, талентирани, се борат за својата земја, се гледа желбата, но изгледаат како деца кога одат на училиште, два по два. Не е доволно да го бакнуваш грбот и да удираш во гради. Тоа треба да го покажете и на теренот, -порача Вујо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни