Поврзете се со нас

Светски првенства

Вујовиќ го истакна најголемииот квалитет на Аргентинците: На Македонија ќе и биде тешко да мине понатаму

Објавено

на

Веселин Вујовиќ го одведе Иран во историски втор круг на едно Светско првенство, успех што дополнително го збогатува неговото тренерско и селекторско резиме кое е на вистина богато.

Популарниот Вујо нема преголеми очекувања од втората рунда и знае дека Иран ќе влезе како апсолутен аутсајдер, но останува горд на првата победа остварена над Чиле која му донесе пласман во главната фаза.

За такво нешто за еден час ќе се бори и нашата Македонија, која ќе мора да оствари триумф над Аргентина за да ги стави во втор план двата порази од Норвешка и Холандија.

Вујовиќ пред турнирот прогнозираше дека нашиот тим може да биде проблематичен за сите, но сега вели дека страста на Аргентинците може да ни направи доста компликации на клучниот меч.

– Македонија игра против Аргентина и тој меч одлучува кој ќе оди понатаму. Аргентинците се доста креативни во ракометот, како и сите репрезентации од Јужна Америка. Неверојатно е какво чувство имаат за спорт и со колкава страст влагаат, па затоа на Македонија ќе и биде тешко да мине понатаму, – вели Вујовиќ во интервјуто за „Н1“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни