Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски му се закани на провокаторот Топурија: Ќе го понижам и ќе го вратам на земја!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ufc

Алекснадар Волкановски по поразот од Махачев се враќа во својата природна категорија и ќе го брани појасот во перо конкуренција, а претстојниов викенд ќе има огромен тест на УФЦ 298 настанот кој ќе се одржи во Калифорнија.

„Хонда центарот“ ќе биде домаќин на УФЦ спектаклот, во кој борецот со македонско потекло ќе ги одмери силите со Илија Топурија, човекот кој досега е непоразен во 14-те борби кои ги има како професионалец.

Во најавите за големата борба, Топурија користи навистина вулгарен и провокативен речник и во неколку наврати нагласи дека ќе го патосира „кралот во перо категорија“ уште во првата рунда, а тоа секако му дава само мотив плус на Австралиецот.

Популарниот Алекс одработи ексклузивно интервју за „Марка“ и посочи дека Топурија е гласен со зборење само за да привлече внимание, но од друга страна е цврсто решен дека ќе го понижи во борбата која ќе се одржи во недела наутро околу 4 часот.

– Сметам дека Топурија намерно прави игри и најверојатно смета дека тоа ќе му пројде добро. Тој ја подготвува борбата на таков начин, со такви игри, но мислам дека малку гледа превисоко со главата. Сака да се однесува како суперѕвезда, сака да биде суперѕвезда. Секој ги бира својот пат, но пред се, треба да бидете понизен за да станете шампион.

– Борбата треба да биде на прво место, а не приказните кои ги прави. Многумина борци знаат да се дистанцираат од најважното, а мислам дека со Топурија се случува тоа. Верувам дека ќе излезам во октагонот и дека ќе го понижам. После тоа, понижувањето ќе му послужи како добра лекција, тогаш ќе може да стане голем шампион. Треба да го научам како се станува шампион. Потребно му е тоа, треба некој да го врати на земја, да сфати од каде пристигнал. Ќе го потсетам за зборовите кои ги кажа на борбата во октагонот, – вели Волкановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни