Поврзете се со нас

Свет

Винисиус Жуниор се расплака: Имам сè помалку желба да играм фудбал…(ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанија и Бразил утре ќе одиграат пријателски натпревар, а во пресрет на истиот емотивно обраќање имаше ѕвездата на „кариоките“, Винисиус Жуниор.

Офанзивецот е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, играч кој не е баш омилен во шпанската јавност и меѓу публиката, често влегува во конфликт со играчите и навивачите, па понекогаш се надминуваат границите и добива навреди од трибините на расна основа.

Ова дефинитивно му тежи и на денешниот прес говореше искрено за работите, па и се расплака.

-Многу е тажно, тоа се случува овде секој ден, секој натпревар. Ме прави тажен што морам постојано да се жалам. Но, така е со сите „црнци“ на светот. Ова не е проблем само во Шпанија, туку и во целиот свет. Му се случи и на татко ми, белец да ја добие работата пред него. Забележувам такви работи и решив да се борам. Се борам тоа да не се случува во иднина.

-Помош добивам од многу колеги, разни организации. Заедно се бориме, не само во Шпанија, да не се повторат вакви работи. Мораме да еволуираме како луѓе. Сакам тоа да се промени, за да не морам постојано да зборувам на таа тема кога ќе се најдам на ова место,-рече Бразилецот кој е заморен од тоа што е дискриминиран.

-Долго време се занимавам со овие работи и колку станувам потажен, толку помалку сакам да играм фудбал. Ме растажува тоа што нема вистинска реакција, нема казна. Зошто ништо не се случува по толку многу мои жалби? Мора да работиме да го намалиме, знам дека тоа е процес. Фудбалот е многу важен, но борбата против расизмот е најважна работа. Тешко ми е да се фокусирам само на игрите. Барам еднаквост за сите. Сакам да имам статус како сите други, да живеам нормален живот, -истакна Вини кој за крај подвлече.

-Често размислував да заминам. Но, ако заминам, тогаш ќе им го дадам на расистите тоа што го сакаат. Затоа решив да останам во најголемиот клуб на светот, за тие што ме навредуваат да мораат да ме гледаат од ден на ден. Ќе продолжам да се борам, бидејќи ме поддржуваат соиграчите, претседателот, клубот, -заврши напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни