Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус ги понижуваше противниците, на Анчелоти не му се допаднаа потезите на Бразилецот (Видео)

Објавено

на

Винисиус Жуниор е неверојатен фудбалски мајстор и поседува богат арсенал на импресивни бразилски потези, но во ситуација кога не ги користи за продуктивни цели, не секогаш наидува на одобрување кај Анчелоти.

Дон Карло е познат по тоа што не сака комплицирање и претпочита едноставен напаѓачки фудбал со директни додавања, а Винисиус го правеше токму спротивното на градското дерби со Хетафе.

Иако беше еден од најдобрите и најактивните, Винисиус успеа да го изнервира Анчелоти, бидејќи според вкусот на Италијанецот, претера со понижувањето на противниците.

Винисиус им продаде дури четири „тунели“ на тројца противнички тунели и само уште еднаш ја ги демонстрираше своите технички квалитети, но бидејќи со истите не правеше разлика во акцијата, наиде на критики од Анчелоти.

Дон Карло со јасни гестикулации бараше од него да игра едноставно и да се ослободува од топката, па ова видео брзо беше уловено и прикажано од страна на специјализираните шпански емисии.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни