Поврзете се со нас

Македонија

Веспрем објави дека Манасков си заминува и не штедеше комплименти за крилото со големо срце (Фото)

Објавено

на

Дејан Манасков претрпе тешка повреда на коленото и истата мораше да биде санирана со операција, потфат поради кој го пропушти Европското првенество на кое настапи македонската репрезентација во месец јануари.

Репрезентативното крило на големо недостасуваше во ротацијата на Кирил Лазаров, но од наредната сезона, ќе го нема и во ростерот на Веспрем, информација која денеска самостојно ја пренесе унгарскиот клуб.

После пет години во Унгарија, Манасков ќе има нов ракометен предизвик наредната натпреварувачка сезона, бидејќи клубот информираше дека нема да му биде продолжен договорот кој истекува во месец јуни.

– Дејан Манасков, неуморното крило на нашиот клуб си заминува на крајот на сезоната поради истек на договорот. Македонскиот играч пристигна од Рајн Некар Левен летото 2017 година и оттогаш е клучен член на Телеком Веспрем. Во сезоната 2017/18, Дејан Манасков ја доби наградата Карлос Перез за најдобар играч на сезоната, врз основа на гласовите на нашите навивачи.

– Деки беше клучен член на тимот кој ја освои шампионската титула во сезоната 2018/19, а учествуваше и во последните две СЕХА лиги и во победата во Купот на Унгарија. Дејан Манасков постигна 536 гола на 156 натпревари во нашиот клуб, но на 4 октомври 2021 година се здоби со повреда на коленото. Левото крило со големо срце моментално е на рехабилитација под водство на нашите физиотерапевти и фитнес тренери. Ти благодариме за се Деки, и со среќа во кариерата!, – гласи објавата на Веспрем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни