Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Векиќ: Пред нас е важен меч, подготвени сме за Флензбург

Објавено

на

Оваа вечер Вардар ќе го одигра својот прв домашен меч во Лигата на шампионите во оваа сезона и тоа против екипата на Флензбург која има идеален старт на кампањата со три победи во трите средби во досегашниот тек.

За „црвено-црните“ ова ќе биде прв дуел во ЛШ по пауза од еден месец, поточно по гостувањето во Мешков и има одредени прашалници како составот ќе изгледа по еден таков непланиран одмор и тоа против тим кој игра моќно и во натпреварувачки ритам.

Меѓутоа вардарци играат во својот дом во СЦ „Јане Сандански“ и нивната цел е да дадат 100 проценти од нивните можности и со тоа да се обидат да дојдат до позитивен резултат.

-Ни доаѓа сериозен натпревар кој е важен за нас. По долга пауза и по два откажани средби (Пик Сегед и Елверум). Доста трениравме, се боревме на тренинзите, се подготвувавме за нив. Одигравме два подготвителни меча и ќе видиме како ќе биде против Флензбург, -истакна хрватскиот интернационалец Јосип Векиќ.

Мечот Вардар-Флензбург започнува од 20:45 часот, а директен пренос ќе има МРТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни