Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар ги избегна Барселона и ПСЖ во групната фаза во ЛШ! (Фото)

Објавено

на

ЕХФ допрва ќе треба да одлучува дали ќе му дозволи на Вардар да биде дел од новото издание на Лигата на шампионите, но пред да ја слушнеме конечната одлука, македонскиот првак беше дел од денешната ждрепка на која се извлекоа групите за најелитното натпреварување.

Вардар како единствен македонски претставник и поради добриот рејтинг во Европа се уште е дел од ракометниот крем, а добра вест за Веселин Вујовиќ и играчите е тоа што во воведната фаза ги избегнаа двата најмноќни тима на хартија.

„Црвено-црните“ се најдоа во групата А, во која извлекувањето посака да не се падне ниту еден од Барселона и ПСЖ кои се финансиски најмоќни и имаат најдобри ростери.

Вардар ќе игра против Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, ППД Загреб и Елверум, додека во групата Б се најдоа далеку поатрактивни тимови и дел од истата ќе бидат Дејан Манасков и Никола Митревски како членови на Веспрем и Порто.

Покрај унгарски и португалскиот великан, во групата Б се уште фаворитите Барселона и ПСЖ, како и Кјелце, Фленсбург, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни