Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Гал со коментар за тензичниот дуел со Аргентина: Никогаш не сум го навредил Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Луи ван Гал беше на чекор до полуфиналето на СП во Катар, но неговата Холандија загуби на пенали во дуелот со финалистот Аргентина.

Тој натпревар донесе голема тензија на теренот, како и многу провокации и навредливи зборови, а Аргентинците ги објаснуваа своите потези како резултат на однесувањето на противникот.

Искусниот Ван Гал сега вели дека воопшто не го навредил Лионел Меси и неговите зборови биле извадени од контекст.

– Никогаш не сум го критикувал Меси. Единственото што го кажав беше дека во 2014 година успеавме да го изолираме од играта и не дозволивме да добие топка. Аргентинските медиуми ги пренесоа зборовите на погрешен начин, – вели холандскиот стручњак.

Тој има многу забелешки за судијата Матеу Лахоз.

– Назначувањето на тој судија беше голема грешка на ФИФА. Тој си зборуваше со Аргентинците на шпански, а нам воопшто не ни посветуваше внимание. Досудените прекршоци не соодветствува со она што се случуваше на теренот, – порачува Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни