Поврзете се со нас

Германија

Вацке со јасен став за иднината на Ерлинг Халанд

Објавено

на

Норвешкиот фудбалер, Ерлинг Браут Халанд со своите настапи во дресот на Борусија Дортмунд го привлече вниманието на речиси сите големи екипи на Стариот континент.

Нема тим кој не е заинтересиран за ангажман на играчот од нападот за кого „милионерите“ ќе бараат милионска сума. Борусија Дортмунд за да го пушти Халанд оваа сезона ќе бара 170 милиони евра, сума која тешко дека некој клуб ќе ја плати ако се земе предвид фактот дека Халанд во 2022 година ќе биде слободен за 70 милиони евра.

Дека Халанд нема шанси да си замине од клубот во овој летен преоден рок потврди и извршниот директор на клубот, Ханс Јоаким Вацке.

– Имам јасни очекувања дека Ерлинг Халанд ќе игра за нас следната сезона ијас не сум загрижен за ништо друго. Тотално сум опуштен и релаксиран по тоа прашање, -изјави Вацке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни