Поврзете се со нас

Американски спортови

Ужас на Флорида: Познат американски спортист се удавил додека бил на одмор со девојката (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFL

Во време кога сите спортски ѕвезди ги користат летните одмор и уживаат во најблиско опкружување, ова утро пристигна една шокантна вест од Америка која ја потресе цела јавност.

Поранешниот НФЛ квортербек Рајан Малет починал на само 35-годишна возраст додека бил на одмор во Мајами, откако силните струи го одвлекле во далеку од сигурната зона, по што за жал се удавил.

Спасувачките екипи успеале да го извлечат неговото тело и да го сместат во амбулантно возило, но младиот спортист не успеал да издржи и била константирана смрт на пат кон болница.

Цело НФЛ семејство е ужасната од трагичната вест која ги трогна сите спортски фанови во Америка, кои најмногу ќе го паметат Малет по тоа што беше замена на легендарниот Том Брејди додека ја делеа соблекувалната во Патриотс.

Според информациите, Малет бил на одмор на Флорида заедно со својата девојка, а во трагичните моменти бил сам во разбрануваните води.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни