Поврзете се со нас

Македонија

Уште еден „гаучос“ во редовите на Академија Пандев (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев се уште го нема формирано тимот за оваа сезона иако истата е почната, односно низ изминативе денови прави промени, некои играчи си заминуваат, некои доаѓаат, а не треба да се заборави дека клубот се раздели и со тренерот Ѓорѓе Стојчев.

Најновата вест која доаѓа од Струмица е дека нов член на екипата е 25-годишниот Аргентинец, Брајан Каналес. Каналес е играч кој треба да донесе креативност, добар проток на топка, асистенции, но и голови.

Тој е вториот „гаучос“ кој за кратко време ги засили „пандевци“, првиот е дефанзивецот Федерико Акоста.

Инаку последен клуб на Каналес бил Осорно од Чиле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни