Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел испиша нова страница во историјата на ЛШ

Објавено

на

Тимот на Челси се пласираше во финалето на Лигата на шампионите каде за ривал за пехарот ќе го има составот на Манчестер Сити.

Премиерлигашот покажа повеќе во полуфиналната битка против Реал Мадрид, во одредени делови беше доминантен на теренот како на „Алфредо Ди Стефано“ така и на „Стемфорд Бриџ“ и сосема заслужено ќе има можност да дојде до најважниот европски трофеј.

Со овој резултат Томас Тухел испиша нова страница од историјата на ова натпреварување, стана прв тренер кој со две различни клубови стигнал до финалето во две сезони во низа.

Запрашан за тоа што прави за да дојде до ваков резултат тој директно одговори:

-Можеби не правам ништо затоа што не е со истиот клуб. Зависи кого ќе прашате. Јас сум многу среќен што ова го постигнавме. Јас сум многу благодарен што имав можност да го живеам својот живот во фудбалот и оваа страст како професија.

-Многу сум благодарен што го правам ова на вакво ниво, да дојдам до уште едно финале, многу сум благодарен за тоа, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни