Поврзете се со нас

Свет

„Тројка“ на Поповски против Винтертур

Објавено

на

Амичитија Цирих на Мартин Поповски не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од Винтертур со 38-34 во мечот од 8. коло во првата швајцарска лига.

Првиот дел донесе израмнета игра и резултат 19-19, додека во вторите 30 минути гостите подобро се снајдоа на теренот, подеднакво беа ефикасни, ама и ја стегнаа одбраната и со тоа си овозможија осми сезонски триумф.

Џуд со 11 и Радовановиќ со 9 беа најефикасни кај победничкиот состав, додека Лаубе со 7 беше прво име кај Цирих.

Македонскиот интернационалец Поповски го заврши мечот со 3 гола од 6 обиди.

Цирих во следното коло се соочува со Тун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни