Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Синер: Ѓоковиќ е најтежок ривал насекаде во светот, освен на теренот каде налета на чудовиште

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер влегува како аутсајдер во полуфиналниот дуел со Новак Ѓоковиќ и покрај фантастичната форма во која се наоѓа Италијанецот, кој на патот до оваа фаза не загуби ниту еден сет.

Младиот Италијанец сериозно напредуваше во последните шест месеци и се претвори во најголем ривал на Србинот во завршницата од 2023-та година, па иако доби два од последните три меча со Ноле, јасно е дека предизвикот е сосема поинаков кога станува збор за грен слем меч.

Ѓоковиќ се претвора во друг играч кога се игра на три добиени сета, а свесни за тоа се и луѓето во тимот на Синер кои се свесни дека ќе ја имаат најтешката работа во тенисот.

– Среќни сме што сме во позиција да играме во полуфиналето, да играме против најдобриот играч во светот. Задоволни сме од начинот на кој Јаник играше досега, претстојното финале ќе биде уште едно големо искуство за него. Јаник играше полуфинале со Новак и на Вимблдон, но сега целокупното чувство е поинакво. Сега има поголема самодоверба, вклучувајќи ги одлчните резултати кои ги имаше во последните неколку месеци. Мислам дека сега повеќе ќе верува во победа против најдобриот тенисер на сите времиња.

– Најтешко е да се победи Ѓоковиќ во Мелбурн, тој е посебен играч. Овде му одговараат условите, но тоа е така на сите страни ширум светот, освен во Париз каде налета на чудовиште како Рафа Надал. Ѓоковиќ на секој терен покажа колку е голем, нема разлика дали играте против него во Мелбурн, на Вимблдон или во Њујорк. Новак е еден од најтешките предизвици во историјата на тенисот. Не е лесно да се игра на три добиена сета со него и го знаеме тоа, мора да се обидеме Јаник да држи приклучок, да биде агресивен и добро да сервира, – вели еден од тренерите на Синер, Италијанецот Симоне Вањоци.

Полуфиналето меѓу Синер и Ѓоковиќ е прво на програмата, па планот е да излезат на „Род Лејвер“ стадионот утре (петок) околу 4:30 часот наутро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни