Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Алкарас: Ми течат лиги кога го гледам Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:instagram.com/juankiferri

Хуан Карлос Фереро беше еден од најдобрите шпански тенисери пред две децении, но по крајот на играчката кариера, тој остана во тениската елита и во моментов е тренер на Карлос Алкарас.

Фереро веќе со години соработува со Карлитос и беше дел од неговите најголеми успеси оваа сезона, а како тернер сега реши да направи резиме на годината која ја оставија зад себе.

Алкарас вчера доби тениска лекција од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот Мастерс, по што Фереро го анализираше својот пулен, но и неверојатниот светски рекет број еден.

– Целокупниот биланс од оваа година е одличен. Кога го подобрувате учинокот од претходната година, секогаш билансот е позитивен. Оваа година ја освоивме грен слем титулата на која најмалку се надевавме и тоа беше пријатно изненадување. Карлос освои 2 илјади поени повеќе од лани, а притоа не играше на Австралија Опен. Единственото „но“ за оваа година е падот кој го имавме по настапот на Ју-Ес Опен. Мора да се подобри во тој поглед, мора да биде попрофесионален и поконстантен цела година. Технички и ментално знаеме во што треба да се подобри, има само 20 години и треба да созрее и да биде попрофесионален на секој турнир, – вели Фереро и додава.

– Ѓоковиќ? Веќе ми се потрошија пофалбите за него. Ми течат лиги кога го гледам како игра, како ја удира топката, како се движи на теренот. Кога ментално е на највисоко ниво и не се деконцентрира со други работи, неверојатно е да гледате како ги контролира работите и најжешките поени на мечот. Ве притиска во секој поен, не ви дава простор за воздух и никогаш нема да видите од него како ви подарува две топки во низа. Блиску е до совршенство и тоа само покажува колку е добар. Треба да се следи неговиот пример, – заклучува Фереро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни