Поврзете се со нас

Англија

Тонали постигнал договор со обвинителните, познато кога ќе може да го одигра првиот меч за Њукасл

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Сандро Тонали вчера влезе како резерва на натпреварот во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а тоа дефинитивно ќе биде последниот меч кој ќе го одигра во долг временски период.

Италијанецот доби шанса за настап на последните два меча и покрај тоа што беше во средина на скандалот кој одекна во Италија, но според најновите информации кои пристигнуваат од Апенините, суспензијата на Сандро е веќе активирана откако неговите адвокати успеале да се договорат со обвинителството.

Тонали беше под ригорозна истрага поради недозволено обложување на спортски натпревари, а бидејќи се обложувал и на натпревари на кои играл Милан, италијанскиот репрезентативец ќе добива поголема казна од Николо Фаџоли.

Фудбалерот на Јуветнус мина со седуммесечна забрана за играње, додека Тонали се договорил и ја прифатил суспензијата од 10 месеци, што автоматски значи дека за него сезоната завршува.

Угледните италијански медиуми како „Газета“ и „Кориере“ го пресметаа и точното време за следниот негов настап во кариерата, а тоа ќе биде 26-ти август 2024-та година.

Еди Хау до крајот на сезоната нема да може да смета на најскапиот фудбалер кој го купи Њукасл изминатово лето, додека Лучијано Спалети ќе остане без важен играч доколку Италија обезбеди настап на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни