Поврзете се со нас

Светски првенства

Тите излезе со изјава за статусот на Нејмар пред утрешното осминафинале

Објавено

на

Нејмар заработи повреда на првиот меч против Србија и многумина стравуваа дека тоа ќе значи крај за него на уште еден мундијал, но сепак бразилскиот лекарски тим се погрижи да видиме сосема поинакво сценарио и големата ѕвезда веќе е подготвена за нокаут рундата.

Фудбалерот на ПСЖ не беше во комбинација за настап на средбите со Швајцарија и Камерун, но „кариоките“ и без него обезбедија пласман во осминафиналето, фаза во која сепак ќе го гледаме лидерот во офанзивата на Бразил.

Селекторот Тите денеска изјави дека Нејмар вчера тренирал без проблеми, а доколку повтори такво нешто и вечерва, ќе го видиме утре на теренот против Јужна Кореја.

– Да, мислам дека Нејмар ќе игра. Ако тренира како вчера, ќе игра на утрешниот меч. Вечерва ќе имаме тренинг и тој ќе биде дел од мечот. Ќе биде дел од тренингот и ако се биде во ред, ќе игра, – изјави Тите кој не сакаше да потврди дали ќе биде стартер, или ќе добие шанса од клупата.

– Јас и мојот стручен штаб работиме на се, освен на медицинските задачи. Не можеме да кажеме ништо за здравјето. Ако Нејмар игра, ќе игра поради тоа што има зелено светло од лекарите. Ако може, јас би играл од старт со најдобрите, – нагласил Тите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни