Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ го надигра Еуро Никел и го стигна на табелата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарите на ТФТ славеа над Еуро Никел со 73:56 во првиот од двата меча кои денеска се играат во рамките на 20. коло во Првата лига.

Клубот од Тафталиџе се покажа во далеку подобро издание пред се во второто полувреме во кое го спушти противникот на само 23 поени.

Со овој резултат избраниците на Смилковски се израмнија на табелата со тимот од Кавадарци со учинок 13-7. Зафиров со 13 и Николов со 12 поени беа први стрелци кај победникот, додека Мексвејн имаше 19 реализации на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни