Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со големи пофалби за еден играч: Го нарекувам „цемент“!

Објавено

на

Ерик Тен Хаг порача дека Манчестер Јунајтед има уште многу голем простор за напредок во нападот, но затоа може да биде горд на игрите кои ги презентира неговиот тим во одбрана на последните пет меча на „Олд Трафорд“.

Јунајтед нема примено гол на пет меча во низа на театарот на сонишатата и тоа не се промени и со Хари Мегваер во стартната постава, а според многумина навивачи на клубот, тоа е така поради фактот што Касемиро почна редново да игра во стартната постава.

Бразилецот се повеќе воодушевува од коло во коло и полека го има влијанието кое се очекува, а Тен Хаг му смислил и интересен прекрар на доскорешниот играч на Реал Мадрид.

– Го велам цемент. Во последно време го нарекувам цемент во средниот ред. Едноставно тој прави разлика и кога ја имаме топката, но и кога је немаме.

– Тој знае да доминира со својот став на средниот ред и му помага на тимот да го има тој плус на најважниот дел од теренот. Почна да игра брилијантно, сега сите гледате зошто има освоено пет титули во Лигата на шампиони, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни