Поврзете се со нас

Светски првенства

Тајс за финалето со Србија: Двете најдобри селекции ќе се борат за златото

Објавено

на

Германија ги изненади Соединетите Американски Држави и обезбеди пласман во големото финале на Светското кошаркарско првенство.

Германиците имаа повеќе херои во овој триумф од 113-111, а еден од нив дефинитивно беше центарот Даниел Тајс кој уфрли 21 поен со 7 скока, 2 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.

-Сонот се оствари, многу сме среќни, работевме толку напорно за ова, голема, голема победа, -порача Тајс и потоа кратко се осврна на финалето против Србија.

-Ќе биде одличен натпревар, во финалето играат двете најдобри селекции на Светското првенство. Се знаеме, тие нè знаат, ние ги знаеме. Пешиќ го познавам уште од времето кога работеше во Германија. Играат силно, слично како нас, се гледа дека меѓу нив владее големо единство. Повторувам, двете најдобри екипи се во финалето, -заклучи Германецот кој веќе неколку години игра во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни