Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судискиот записник на Макели открива како изгледал физичкиот напад од Ал Келаифи по мечот во Мадрид

Објавено

на

Шпанските медиуми открија дека Насер Ал Келаифи ги загуби нервите по крајот на мечот во Мадрид и комплетно се исклучил, па во такво бесно издание ја напуштил ВИП ложата и се симнал во подтрибинскиот простор.

Новинарите открија дека првиот човек на ПСЖ удирал во судиската соба, но сега потврда за оваа сцена со дополнително образложение пристигна и од УЕФА.

Европската Федерација го проследи судискиот записник од страна на главниот арбитар Макели, во кој е откриено како Ал Келаифи ги нападнал судиите и дошло и до физички контакт. Со него бил и Бразилецот Леонардо, кој како директор на ПСЖ по мечот се пожали дека клучен момент бил првиот гол на Бензема кој пристигнал по прекршок над Донарума.

Агресивниот и нападен пристап на Ал Келаифи се најдобар одраз за огромното разочарување на „светците“, но и доказ дека првиот човек на ПСЖ е доста лош губитник.

– Претседателот и директорот на ПСЖ демонстрираа агресивно однесување и се обидоа да влезат во судиската соба. Кога еден од судиите побара да се оддалечат, тие ја блокираа вратата и претседателот удри во едно од знаменцата на судијата и го скрши истото, – гласи судискиот извештај на Макели.

Со оглед на тоа што има записник, овој случај ќе оди на дисциплинска комисија, па за очекување е Ал Келаифи и Леонардо да добијат примерни казни од страна на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни