Поврзете се со нас

Македонија

Струга со „тројка“ ја освои Струмица, шампионот падна во Штип

Објавено

на

Тимот на Струга Трим Љум продолжува да игра без грешка во Првата македонска лига и по денешното коло има фантастични „шест од шест“.

Најнова жртва на избраниците на Захариевски е составот на Академија Пандев која беше совладана на нејзин терен со убедливи 3-0. Шабани погоди во првото, а Ибраими и Мерџани во второто полувреме за лидерот во домашниот шампионат кој сега има плус седум во однос на Шкендија и Силекс кои ја делат втората позиција.

Шкупи е во криза, а уште еден доказ е поразот кој денеска го претрпе во Штип од Брегалница. Адетунџи поцрвене во првиот дел, ситуација која домаќините ја искористија во продолжението и со погодоците на Ѓорѓиев оствари триумф од 2-0.

Шкендија не го потврди статусот на фаворит и ремизираше со Македонија ЃП, додека Скопје и Силекс славеа над Победа, односно Тиквеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни