Поврзете се со нас

Репрезентација

Стоилов ќе му асистира на Лазаров, познат е поширокиот список на играчи за баражот со Фарски Острови (ФОТО)

Објавено

на

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на играчи за баражот против Фарски Острови за пласман ан Светското првенство во 2025 година.

На листата на Лазаров се најдоа 36 играчи од кои најголемиот дел доаѓаат од домашното првенство, поточно интернационалци се дуото од Португалија, Никола Митревски и Филип Талески, како и крилата Димитар Димитриоски од Ваљадолид, Мартин Поповски од Цирих и Никола Костески од Талент Плзен.

Нашата селекција воедно добива и едно засилување во стручниот штаб, тоа е легендата Стојанче Стоилов кој ќе ја има улогата на асистент исто како и Билјана Црвенкоска.

Инаку да потсетиме бараж дуелите со Фарски Острови се закажани за 8 и 12 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни