Поврзете се со нас

Македонија

Стефановски не ја заврши втората трка во Монца

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе извозе само пет кругови на трката на легендарната патека Монца и остана на само еден освоен поен од овој претпоследен натпреварувачки викенд во рамките на ТЦР Италија првенството.

По вчерашниот малерозен финиш во кој Стефановски ја загуби одличната позиција, а подоцна заработи и казна од стјуардите за конечно 14. место, денеска нашиот претставник порано го заврши настапот во Монца.

Иџе налета на Рони Валори кој беше извртен на патеката поради претходен контакт со друг автомобил, а оштетувањето од судирот очигледно не му дозволи да ја продолжи трката.

На денешната трка стартуваа 17 натпеварувачи, од кои петмина не ја завршија трката, Стефановски во еден  момент беше седми, но ќе остане на 52 поени освоени во досегашните трки.

Победник на денешната трка беше Џонатан Џакон со Хонда Сивик, а на победничкиот подиум се најдоа и Ерик Брилјадори и Салваторе Тавано. Џакон победи и на вчерашната прва трка, па овој викенд собра 50 поени.

Последниот натпреварувачки викенд од оваа сезона на ТЦР Италија е закажан меѓу 20 и 22 ноември на патеката Имола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни