Поврзете се со нас

Италија

Спортскиот директор на Рома употреби тешки зборови за Ѕаниоло

Објавено

на

Николо Ѕаниоло долги години е симбол за римската „волчица“ и составен дел од првиот тим на Рома, но како што стојат работите, двете страни се многу блиску до разделба во овој зимски преоден рок.

Откако не го продолжи договорот со клубот, агентите на Ѕаниоло преговараат со клубови од Премиер лигата, а пред да има нешто конкретно, самиот играч побара да не биде дел од тимот на денешниот меч со Специја.

Ова го потврди и спорсткиот директор Тиаго Пинто, кој употреби и тешки зборови во образложението кое го даде за отсуството на младиот италијански фудбалер.

– Сите кои сме дел од фудбалот знаеме дека постојат две сезони. Една во која трансфер пазарот е затворен и во која сите сме помирни и втора во која трансфер пазарот е отворен. Во вториот случај, има играчи кои индивидуалните интереси ги ставаат пред интересите на тимот.

– За жал, не е првпат да се случи вакво нешто. Денес со нас се сите оние кои имаат желба и страст да се борат за Рома. Јас можеби правам грешки, но од првиот до последниот ден ќе работам за интересите на Рома и колективот, – изјави Пинто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни