Поврзете се со нас

Италија

Спортски обвинител официјално побара на Јувентус да му бидат одземени бодови

Објавено

на

Полицијата од Торино пред неколку месеци заплени важни документи од седиштетот на Јувентус и отвори истрага за работењето на раководството кое поднесе оставка на крајот на месец ноември, а поради финансиските малверзации и прикривањето документи, клубот може да добие и казна во вид на одземање бодови.

Тоа денеска официјално го побарал обвинител од страна на Италијанската фудаблска Федерација, односно спорстскиот обвинител Џузепе Чине.

Тој побарал на Јувентус да му бидат одземени девет бодови за скандалот кој изби непосредно пред стартот на Светското првенство, а кој направи да видиме промена на една цела гарнитура во раководните структури на клубот.

Полицијата и обвинителството се уште врши истрага за спорното финансиско работење на клубот во ерата на Андреа Ањели, за кого обвинителот Чине бара суспензија од 16 месеци.

Исто така, во официјалниот допис се споменати и имињата на Паратичи, Черубини и Недвед, за кои исто така се бара забрана за вршење на било какви фудбалски активности во период од 10 до 20 месеци.

Јуве во моментов е трет на табелата со 10 бодови помалку од лидерот Наполи, па доколку ова обвинение биде прифатено, тоа ќе значи сериозен удар врз амбициите на тимот да заврши во топ четири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни