Свет
Спектакуларниот Димитријевиќ продолжи да доминира во Русија, го однесе Уникс на првото место
Ненад Димитријевиќ ја предводеше Македонија кон голема победа над Полска и беше убедливо најдобар играч на паркетот, а фантастичниот плејмејкер тоа веќе година наназад го прикажува како играч на Уникс Казањ.
Македонскиот репрезентативец денеска повторно блескаше на натпревар во ВТБ лигата и го врати Уникс на првото место, и тоа на натпревар против Локомотив Кубан што всушност беше реприза на минатогодишното финале.
Нено навистина брилјира на натпреварите на Уникс и се поверојатно е дека ќе направи трансфер во голем европски тим по крајот на сезоната, бидејќи изданија како ова денеска станаа вистинска рутина за него.
Димитријевиќ го предводеше својот тим до победа од 70:66 со 23 поени, а процентот за шут му беше навистина висок и тоа, 3/4 за три поени, 5/7 за два поени и 4/5 слободни фрлања.
Уникс на овој начин на најдобар можен начин ја користи катастрофалната серија на ЦСКА која има три порази во низа, па така сега Нено и соиграчите се на првото место во ВТБ лигата.
-
Шпанијапред 21 час
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Шпанијапред 18 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Балканпред 21 час
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
АТПпред 8 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Светпред 19 часа
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
Светпред 19 часа
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Англијапред 21 час
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)