Поврзете се со нас

Германија

Состав на млади ѕвезди: Чурлинов се најде во дрим-тимот на колото од најдобрите лиги во Европа (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов веќе неколку натпревари во низа редовно добива шанса за настап во бундеслигашот Штутгарт, влегува од клупата за резерви, стекнува искуство и воедно полека почнува конкретно да придонесува во офанзивната линија.

Тој на средбата против Аугзбург запиша асистентија при победничкиот гол на Саша Калајџиќ во 74 минута, а ова како и сето она што го прикажа за 27 минати на теренот беше доволно да се најде во дрим-тимот на колото во Топ 5 лигите на Европа, поточно во составот за фудбалери до 21 година.

Даре со оценка 7.56 се најде во формацијата 4-4-2 во изборот на „WhoScored“ заедно со добро познати имиња како Дејвис од Баерн, Џејмс од Челси, Санчо од Дортмунд, фантастичниот сезонава Влаховиќ…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WhoScored (@officialwhoscored)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни