Поврзете се со нас

Франција

Сопругата на Рико објави прва слика од голманот во болничкиот кревет (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/albasilvat

Серхио Рико имаше ужасен инцидент во моментите кога ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, односно доживеа вистинска трагедија откако се врати во родната Шпанија, каде пад од коњ за малку ќе завршеше кобно по неговиот живот.

Голманот на ПСЖ беше критичен и еден месец беше во кома и се бореше за живот, но откако ги надмина најтешките моменти, веќе втор месец е сместен во болницата во Севилја.

Шпанските медиуми пред неколку дена открија дека врз голманот ќе биде извршена нова операција на главата поради аневризма, но најдобра вест е тоа што неговата состојба е стабилизирана, нешто за кое редовно известува сопругата Алба Силва.

Познатата шпанска инфлуенсерска сега ја објави и првата фотографија од Серхио од болничкиот кревет, на која иако не се гледа неговиот лик, евидентно е дека Рико е значително ослабен.

Прогнозите се дека Шпанецот ќе може да излезе од болница во наредните две недели, по што би ја продолжи долгата рехабилитација во домашни услови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни