Поврзете се со нас

Европски првенства

Сон даде гол и му го посвети на Ериксен: Остани силен, те сакам (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Јужна Кореа го потврди статусот на фаворит и славеше над Либан со 2-1 во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Решавачкиот гол вреден вреден победа и три бода беше дело на Сон Хеунг-Мин кој откако го реализираше пеналот веднаш се упати накај камерите за да испрати порака до неговиот поранешен соиграч од Тотенхем, Кристијан Ериксен кој вчера колабираше на средбата против Финска, па лекарите на „Паркен“ мораа да го спасуваат неговиот живот.

-Остани силен, те сакам, -порача Сон кој е добар пријател со Данецот.

Слични пораки за Ериксен претходно имаа Белгиецот, Ромелу Лукаку и Мароканецот, Ашраф Хакими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни