Поврзете се со нас

Свет

Шортс и Париз забележаа нов пораз во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Ти-Џеј Шортс и Париз блескаат во Еврокупот, но сосема поинаква е ситуацијата во домашниот шампионат каде го претрпеа седмиот пораз на 19 лигашки меч.

Ова за Париз беше трет пораз во последните четири средби, односно овојпат подобар од нив беше составот на Стразбур со 89:86. Составот од француската престолнина не се снаоѓа на два фронта, поточно покажува доста слабости во ЛНБ лигата каде го зазема четвртото место.

Македонскиот репрезентативец Шортс беше двоцифрен со 18 поени на кои додаде 4 скока и 6 асистенции. Малком со 22 беше прв стрелец кај ПСЖ, додека кај победникот Инверници реализираше 22 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни