Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи не застанува, се засили и со играч од средниот ред

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи не застанува со активноста на трансфер пазарот и го претстави новото засилување во период помал од 24 часа, бидејќи по потврдата на Гаги Маргвелашвили, денеска пристигна соопштение за уште една аквизиција.

Клубот од Чаир е сериозен во намерата да ја одбрани предноста на табелата во Првата македонска фудбалска лига и да ја освои титулата во домашното првенство, па од денеска тимот на Седлоски е посилен за Ѓорѓи Стоилов.

Играчот за врска е засилување во средниот ред и во прв момент ставил потпис на шест месеци, со опција договорот да биде продолжен за дополнителни 12 месеци.

– Навистина ми е мило што потпишав за клуб како Шкупи. Станува збор за клуб со голема традиција во домашниот фудбал и имаме јасни цели како тим оваа сезона.

– Среќен сум што доаѓам во тим во кој има многу добри играчи. Кој не би сакал да игра за Шкупи? Ова е клуб со историја и верни навивачи, – вели 26-годишниот Стоилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни