Поврзете се со нас

Свет

Сензација во Бундеслигата: Борко и Лемго го шокираа големиот Кил

Објавено

на

Борко Ристовски во текот на вчерашниот ден беше промовиран како нов играч на Лемго, а веќе денеска има можност да прослави голема победа и тоа против великанот на германскиот ракомет Кил.

Имено составот на Лемго направи голема сензација и се избори за триумф на теренот на „зебрите“ од 33-32 во средбата од 10. коло во Бундеслигата. Ова за екипата е само втора славје сезонава, но истиот дефинитивно може да биде пресвртница затоа што не е мала работа да се совлада Кил за кого пак ова беше прв пораз пред своите гледачи.

Ристовски беше активен седум минути и запиша една одбрана. Зендер со 9 гола беше прв стрелец кај победникот, додека кај поразените се истакна Билик со 6 погодоци.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни