Поврзете се со нас

АТП

Се чисти патот на Ѓоковиќ: Уште еден топ играч го откажа настапот на ОИ

Објавено

на

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ доби уште една добра вест кога е во прашање неговата конкуренција на престојните Летни Олимписки Игри во Токио, настан на кој ќе се обиде да ја продолжи одличната серија и дојде до златен медал.

Имено надвор од конкуренција за овој турнир е и финалистот од Вимблдон, осмиот тенисер на светот Матео Беретини. Италијанецот поради повреда на бутниот мускул одлучи да се повлече од игрите во Токио.

Од големите имиња ќе ги нема ниту Надал, Федерер, Тим, Баутиска Агут, Вавринка, Шаповалов, Кирјос, Гофан, Раониќ…па повеќе од јасно е дека Ѓоковиќ ќе има извонредна можноста да направи голем резултат на ЛОИ во Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни