Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт остана без уште еден важен играч, лоша вест и за Гвардиола пред клучниот дел од сезоната

Објавено

на

Герет Саутгејт вчера остана без Римс Џејмс поради повреда на десниот бек, но непосредно пред дуелот со Украина кој се игра денеска, селекторот на Англија мора да прави нови планови за тимот.

Причина за тоа е неочекуваното отсуство на Фил Фоуден, кој поради алармантна ситуација и ургентна болка мора да заврши на оперативен стол и да направи хируршка интервенција.

Офанзивниот фудбалер добил воспалени на слепото црево и итно завршил на операција, па откако истата минала добро, сега ќе следи период на рехабилитација, кој може да трае и до четири седмици.

Ова значи дека Фоуден го завршува интернационалниот прозорец во месец март, но големи се шансите да биде во аут и за клучните натпревари кои следат за Манчестер Сити во април.

– Фил сега ќе се врати во Манчестер за да започне со рехабилитација. Тој нема да биде подготвен за натпреварот од Премиер лигата овој викенд на домашен терен со Ливерпул, а во оваа фаза не е точно познато колку ќе отсуствува, – се вели во соопштението на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни